„АстраЗенека“ убоде повеќе од милијарда долари со вакцината на „Модерна“’

„Модерна“ очекува годинава од својата вакцина против коронавирусот да оствари приход од околу 18,4 милијарди долари.

768

Британско-шведската компанија „АстраЗенека“ го продаде својот удел од 7,7 отсто во акциите на „Модерна“ за повеќе од милијарда долари, откако акциите на оваа американска биотехнолошка компанија пораснаа благодарение на пробивот на нивната вакцина на пазарот на вакцини против коронавирусот, пренесе британски „Тајмс“.

Не е јасно во кој период оваа британско-шведска компанија го продала својот удел во „Модерна“, со која планира да одржи партнерство во други терапии.






„АстраЗенека“ ќе може во иднина да ја продава вакцината на комерцијална основа доколку вирусот стане ендемичен, се додава во извештајот.

„Модерна“, чија вакцина неодамна беше одобрена за итна употреба во САД, соопшти дека очекува годинава од својата вакцина против коронавирусот да оствари приход од околу 18,4 милијарди долари.

Поврзани содржини