АстраЗенека: Судската постапка на ЕУ е без правна основа

АстраЗенека целосно го испочитува прелиминарниот договор за купување склучен со Европската комисија и ние силно ќе се браниме пред судот.

214

Компанијата АстраЗенека денеска соопшти дека постапката на Европската унија против таа фармацевтска компанија, во врска со испораката на нејзините вакцини против ковид-19, нема правна основа и најави дека силно ќе се брани на суд.

– АстраЗенека целосно го испочитува прелиминарниот договор за купување склучен со Европската комисија и ние силно ќе се браниме пред судот. Веруваме дека каква било судска постапка е неоснована и ја поздравуваме можноста да се реши овој спор колку е можно побрзо – се наведува во соопштението.






Европската комисија претходно денеска објави дека покренала правна постапка против Астра Зенека поради непочитување на договорот за испорака на вакцини против коронавирусот и непостоење на доверлив план за обезбедување навремена достава.

Поврзани содржини