„АстраЗенека“ и натаму нема да се дава на помлади од 60 години

Филипче додаде дека сите оние кои што се вакцинирани во странство со прва доза, не во Србија, доколку истата е достапна во Македонија, можат преку матичните лекари да си закажат ревакцина во нашата земја.

517

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека нема промена на ставот вакцината „АстраЗенека“ во земјава да се дава на помлади од 60 години, иако повеќе земји ја намалија или целосно ја укинаа оваа практика.

– Остануваме на истиот став за „АстраЗенека“. Сега сме во комуникација со српските колеги за да се дадат бројките од сериите на вакцинираните во Србија, за да има ревакцина тука, ако е друга, но не „АстраЗенека“ и да се издаде сертификат кај нас – рече Филипче.






Тој додаде дека за сите дргуи случаи за вакцинација во Србија ќе се користат српските сертификати.

Од следната недела ќе биде достапен и т.н. „Грин пасс“, во кој ќе „Ку ар“ код во бидат податоците за вакцината, за ПЦР тест и евентуално за антитела, па било кој од овие параметри да се бара во некоја европска земја, патникот да ги има со себе.

Филипче додаде дека сите оние кои што се вакцинирани во странство со прва доза, не во Србија, доколку истата е достапна во Македонија, можат преку матичните лекари да си закажат ревакцина во нашата земја.

Поврзани содржини