АСТРА ЗЕНЕКА БАРА ДОЗВОЛА ЗА ТРЕТМАН СО АНТИТЕЛА Нов препарат со долго дејство и сигурна заштита од корона
Извршниот потпретседател на „АстраЗенека“, Мене Пангалос рече дека ранливото население, како што се луѓето со слаб имунолошки систем, често не можат да развијат заштитна реакција по вакцинацијата и ризикуваат да добијат ковид-19.
Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“, која разви една од првите вакцини против коронавирус, побара од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) да го одобри нејзиниот третман со антитела за спречување на болеста.
Компанијата денеска соопшти дека третманот познат како AЗД7442 ќе биде првата комбинација на антитела со долго дејство која би добила одобрение за итна употреба за превенција.
Со овој препарат, светот е поблиску до обезбедување дополнителна опција за заштита од ковид-19, покрај вакцините.
Извршниот потпретседател на „АстраЗенека“, Мене Пангалос, рече дека ранливите популации, како што се луѓето со слаб имунолошки систем, често не можат да развијат заштитна реакција по вакцинацијата и ризикуваат да добијат ковид-19.