„АСТРА КАЗИНО“ ДОНИРАШЕ 50 ПАКЕТЧИЊА Наменети се за деца во социјален ризик од рурални средини

Компанијата донираше 50 новогодишни пакетчиња за децата во социјален ризик во руралните средини на територијата на градовите Скопје, Тетово и Куманово.

156

„Астра казино“ дел од празничната донаторска акција на Здружението на граѓани „Линк“

 

Како општествено одговорна компанија, „Астра казино“ своите хуманитарни активности годинава во пресрет на новогодишните и божиќните празници ги дополни со учество во празничната донаторска акција на Здружението на граѓанин „Линк“.






Компанијата донираше 50 новогодишни пакетчиња за децата во социјален ризик во руралните средини на територијата на градовите Скопје, Тетово и Куманово.

– Ни претставува чест и задоволство да бидеме дел од акцијата која што веќе шеста година по ред ја спроведува Здружението „Линк“. Акцијата има за цел да бидат поделени 1.000 новогодишни пакетчиња на 1.000 деца кои се од семејства во социјален ризик. Се надевам дека со овој наш скромен придонес ќе ги разубавиме претстојните празнични денови на овие деца и нивните семејства – велат од компанијата.

„Астра казино“ и во наредниот период останува компанија посветена на спроведување хуманитарни и општествено одговорни активности во име на нивниот придонес кон заедницата во која што деловно работат.

Поврзани содржини