Џастин Тимберлејк за Бритни Спирс: Оставете ја да живее како што сака да живее

Јас и Џес ѝ испраќаме љубов и апсолутна поддршка на Бритни. Се надеваме дека судот и нејзиното семејство ќе го поправат тоа и ќе ја остават да живее како што сака да живее, вели Џастин.

388

 

 

 






После она што го видовме денес, сите треба да ја поддржиме Бритни во овој момент. Без оглед на нашето минато, добро и лошо, без разлика колку време било, напиша Џастин Тимберлејк на социјалната мрежа „Твитер“.

Тимберлејк и Спирс беа заедно во периодот од 1998 до 2002 година. Првпат во последните две години, Бритни Спирс се обрати директно пред судот за случајот со старателството што нејзиниот татко го има над неа.

„Она што ѝ се случи едноставно не е во ред. Ниту една жена не смее никогаш да биде ограничена во донесувањето одлуки за сопственото тело. Никој никогаш не смее да биде држан против своја волја… Или некогаш треба да бара дозвола за пристап, а работел толку напорно.Јас и Џес ѝ испраќаме љубов и апсолутна поддршка на Бритни. Се надеваме дека судот и нејзиното семејство ќе го поправат тоа и ќе ја остават да живее како што сака да живее“, вели Џастин.

Поврзани содржини
na