Џастин Бибер: Жал ми е што имав секс пред брак

1,068

Во последната епизода од шоуто „Biebers on Watch“ на Фејсбук, каде пејачот Џастин Бибер заедно со сопругата Хејли Болдвин одговараат на прашањата на обожавателите, едно од прашањата било дали жалат за нешто.

– Веројатно постојат многу работи што би ги сменил. Не жалам за ништо, затоа што мислам дека учите од сè што правите. Да можам да го вратам времето и да избегнам некои лоши искуства, веројатно би се чувал за брак – рекол популарниот пејач.






– Знам дека звучи лудо, но сексот може да ве збуни кога спиете со кој било – додал тој.

Неговата сопруга, од друга страна, рекла дека таа го разбира, но дека не жали како него.

– Не знам дали би го рекла истото, но сите имавме различни искуства. Се согласувам дека физичкиот однос може да ги направи работите збунувачки – рекла Хејли.

Бибер претходно изјави дека има „сериозни сексуални проблеми“ и дека сам си наметнал едногодишна апстиненција за себе пред повторно да се поврза со Хејли.

 

 

Поврзани содржини