АСОТ НА ПАНАТИНАИКОС ЈА СКРШИЛ ПОТКОЛЕНИЦАТА Лесор ќе одмора најмалку 4 месеци

Матијас Лесор беше успешно опериран во петокот наутро во болницата ХИГЕИА за да се санира повредата на левата нога. Операцијата ја изврши нашиот тимски лекар, ортопедски хирург Атанасиос Конидис, соопштија од грчкиот тим.

319

Францускиот центар Матијас Лесор мораше да оди на операција по страшната повреда што ја заработи на натпреварот против Басконија.

Асот на Панатинаикос ја скрши потколеницата и ќе пропушти околу четири месеци, а паузата може да биде и подолга.






Лесор потенцијално би можел да биде подготвен за Ф4, доколку неговиот клуб се пласира во финалето, а плејофот почнува на 22 април.

„Матијас Лесор беше успешно опериран во петокот наутро во болницата ХИГЕИА за да се санира повредата на левата нога. Операцијата ја изврши нашиот тимски лекар, ортопедски хирург Атанасиос Конидис“, соопштија од грчкиот тим.

Поврзани содржини