АСОМ ДОНИРАШЕ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Солидарноста е клучна за надминување на последиците
Ги охрабруваме сите компании, институции и граѓани да се вклучат во хуманите иницијативи, бидејќи солидарноста е клучна за надминување на последиците и за обезбедување поддршка за семејствата на настраданите, се вели во соопштението на АСОМ.
Семејствата на настраданите и на повредените во трагедијата што го погоди Кочани имаат потреба од континуирана и долгорочна поддршка. Токму во таа насока, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија АСОМ обезбеди донација во износ од 2 милиони денари, реализирана преку Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
„Со оваа донација, АСОМ се приклучува кон заедничките напори за ублажување на последиците од трагедијата и за поддршка на погодените семејства во процесот на нивно закрепнување. Истовремено, упатуваме длабоко сочувство до сите кои ги загубија своите најблиски и остануваме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка. Како општествено одговорна организација, АСОМ и во минатото активно реагираше на кризни состојби, хуманитарни предизвици и други непредвидливи несреќи. Овој гест е продолжение на таа заложба – да се биде на страната на заедницата во најтешките моменти. Ги охрабруваме сите компании, институции и граѓани да се вклучат во хуманите иницијативи, бидејќи солидарноста е клучна за надминување на последиците и за обезбедување поддршка за семејствата на настраданите“, се вели во соопштението на АСОМ.