АСОМ ЧЛЕНКИТЕ СПАСУВААТ ЖИВОТИ Крводарителна акција реализирана од „МаксБет“
Интересот на граѓаните беше инспиративен – 25 лица доброволно донираа крв, што значи дека потенцијално се спасени над 50 човечки животи.
Компанијата „МаксБет“, која е членка на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), успешно ја реализираше 71-та акција за дарување крв во рамки на својата хуманитарна иницијатива „Животот е крв“.
Акцијата се одржа со поддршка од Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст.
Интересот на граѓаните беше инспиративен – 25 лица доброволно донираа крв, што значи дека потенцијално се спасени над 50 човечки животи. Оваа бројка е уште еден доказ за тоа како континуираната посветеност на една компанија може да создаде вистинска разлика во општеството, велат од „МаксБет“.
„МаксБет“ ја започна иницијативата „Животот е крв“ со цел подигнување на свеста за важноста на дарувањето крв и креирање култура на хуманост меѓу своите клиенти, вработени и пошироката јавност. Со досегашните акции, компанијата успешно воспостави континуитет во поддршка на здравствениот систем и во промовирање на личната и колективната одговорност.
АСОМ ги поддржува ваквите хумани практики на своите членки, верувајќи дека деловниот успех е уште повреден кога е придружен со конкретни акции на грижа за заедницата. Преку координација, соработка и промовирање на општествено одговорни иницијативи, членките на АСОМ ја претставуваат својата улога во општеството не само како економски субјекти туку и како партнери на заедницата во градењето на подобра иднина за сите.