АСО: Друштвата за осигурување да не делат дивиденди

Агенцијата ги следи и препораките за намалување на ризиците, последиците и ефектите врз осигурителните пазар на Европското регулаторно тело EIOPA, а кои може да се применат на македонскиот осигурителен пазар и супервизија.

548

Во насока на оперативно олеснување на работењето на друштвата за осигурување и останатите субјекти на пазарот на осигурување во услови на вонредна состојба, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување заклучи да се одложи почетокот на прекршочни постапки консубјектите на супервизија и спроведувањето на претходно планираните теренски супервизии на друштвата за осигурување и останатите субјекти на супервизија.






Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, со кој опретседава професорот Крсте Шајновски, овозможува флексибилност во доставувањето на редовните извештаи кои субјектите на супервизија имаат обврска да ги достават до Агенцијата во периодот на траење на вонредната состојба во државата, со можност истите да се достават во дополнителен рок од 30 дена од законски утврдениот роки.

„Им се наложува на субјектите на супервизија да ги преземат сите можни мерки за одржување на нивниот капитал  и солвентност  во насока на целосна заштита на правата на осигурениците. Се препорачува субјектите на супервизија да се воздржат од распределба на добивката на друштвата во форма на дивиденда или други бонуси спрема членови на органи на управување како и воздржување од трошење на средствата на друштвата на непродуктивни расходи, во периодот додека трае кризата. Се препорачува друштвата за осигурување да бидат свесни за околностите во кои се наоѓаат клиентите и да постапуваат правилно со нив во текот на целиот циклус почнувајќи од побарување, купување на производот/услугата, и обновување на договорот. Се одложува организирање на обуки и испити за застапници во осигурување и осигурителни брокери“, се вели во известувањето на Агенцијата и се напоменува дека се продолжува со следење на состојбата и преземање соодветни мерки неопходни за намалување на негативното влијание врз стабилноста на осигурителниот пазар и заштитата на правата на осигурениците.

Агенцијата ги следи и препораките за намалување на ризиците, последиците и ефектите врз осигурителните пазар на Европското регулаторно тело EIOPA, а кои може да се применат на македонскиот осигурителен пазар и супервизија.

Поврзани содржини