ЈАСНО Е ДЕКА ПУТИН ИЗВРШИЛ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА Бајден го оправдува налогот за апсење на рускиот претседател

168

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во Вашингтон изјави дека налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под сомнение за воени злосторства во Украина е „оправдан“.

– Јасно е дека Путин извршил воени злосторства – рече Бајден, одговарајќи на новинарски прашања во Белата куќа.






Иако САД, како и Русија, не го признаваат тој суд, Бајден оцени дека, без разлика на тоа, одлуката на хашкиот суд „праќа многу силен сигнал“ и укажува на постапките на рускиот лидер при издавањето на наредбата за инвазија на Украина.

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг вчера издаде налог за апсење на Владимир Путин поради сомнение за нелегална депортација на деца и илегално префрлање на луѓе од територијата на Украина во Русија.

Поврзани содржини