АШКОВСКИ ИТНО ЕВАКУИРАН ОД ИРАН Македонскиот репрезентативец преку Турција се враќа дома

Македонскиот дефанзивец бил меѓу околу 400 наши државјани кои побарале помош за напуштање на Иран по ескалацијата на конфликтот.

0

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски се врати во Македонија по итна евакуација од Иран, каде што настапуваше за иранскиот клуб Мес Рафсанјан, откако започнаа воените напади во регионот.

Од Министерство за надворешни работи на информираа дека околу 400 македонски државјани побарале помош за напуштање на загрозените подрачја, а меѓу нив бил и искусниот дефанзивец.






Триесет и четиригодишниот бек бил префрлен преку Турција, но засега нема информација дали успешно се вратил дома. Пред прекинот на првенството, Ашковски одигра три натпревари за својот нов клуб, но шампионатот во меѓувреме е стопиран, а спортските активности во Иран се во целосен застој.

Евакуацијата следува по драматичната ескалација на настаните на Блискиот Исток, откако Соединети Американски Држави и Израел изведоа удари врз Иран. Во услови на зголемени безбедносни ризици, сите спортски натпревари беа откажани, а приоритет стана безбедноста на странските државјани.

Од МНР посочуваат дека координацијата меѓу државните институции овозможила навремена евакуација на македонските граѓани, вклучително и на Ашковски, кој веќе се наоѓа на безбедно.

Поврзани содржини