📷 АШАНТИ СЕ ПОРОДИ НА 43 ГОДИНИ По 20 години ја обнови врската со Нели, а сега го добија првото дете
Пејачката Ашанти (43) и раперот Нели (49) го добија своето прво заедничко дете.
Пејачката роди син, а претставникот на Ашанти ја потврди веста за магазинот „Пипл“.
„Момчето пристигна на 18 јули. Родителите се многу горди и среќни“, рекол тој. На детето му го дале името Карим Кенкаид Хејнс, а името на момчето го избрал Нели.
Ашанти вчера се огласи и на Инстаграм. Таа се фотографирала пред огледало и покажала како изгледа нејзиното тело по раѓањето на бебето.
„Смешно е како животните планови не се секогаш точни навреме. Толку долги чекав да станам мајка, но ништо не можеше да ме подготви за сè што носи мајчинството. Вака изгледам по породувањето. Горда сум“, напишала пејачката.
View this post on Instagram
Ова е прво дете на Ашанти, додека раперот претходно ги има ќерката Шанел и синот Корнел Хејнс Трети со поранешната партнерка Шанета Валентајн.
„Мајчинството е нешто што долго време го очекував“, рече Ашанти на почетокот на годината.
Двојката се запозна во 2003 година на прес-конференција за наградите „Греми“. Тие беа во врска 10 години, а потоа раскинаа. Но, 20 години подоцна, во април 2023 година, се шпекулираше дека парот се смирил додека заедно седеле покрај рингот на боксерски меч во Лас Вегас. Неколку месеци подоцна, Нели потврди дека се повторно заедно.
– Да, повторно си поминуваме одлично заедно. Едноставно се случи, не планиравме ништо и двајцата бевме изненадени, но сите петмина, да продолжиме понатаму – рекол тогаш раперот.
View this post on Instagram