Асексуалци: нова ЛГБТ група која ги бара своите права

Асексуалноста како да станува сѐ повидлива кај генерацијата милениумци. Според овие активисти, таа може да им помогне на младите да се пронајдат себеси и да го промени начинот на размислување за сексуалноста.

605

Што е асексуалност? Дали е тоа новата сексуална ориентација, покрај ЛГБТК и зошто треба правилно да ја разбереме?, стои во статија на Би-Би-Си. На светскиот ден на асексуалците, 6 април годинава, на онлајн дискусија разни активисти од светот го искажаа своето мислење.

ЛГБТК ќе стане ЛГБТКА






Луѓето сè уште лошо реагираат на оваа т.н. „невидлива ориентација“. Јан, еден од учесниците на панелот вели како во Нигерија се негирани сите ЛГБТ-и, па и асексуалците.

– Заедничките заблуди за асексуалноста вклучуваат дека асексуалноста е еднаква на целибатот (не е така), или дека тоа е избор (тоа е ориентација), вели Мајкл Доре, член на глобалниот тим на проекти за асексуална видливост и едукација (АВЕН).

Како и другите ЛГБТ групи, асексуалците најмногу разбирање наоѓаат во западната хемисфера. Панелистот Мартин рекол дека наишол на разбирање во Белгија, на пример. Таму кратенката ЛГБТК(К е за „квир“ заедницата), би прераснала во ЛГБТКА, што веќе е пробано.

Има повеќе асексуалности

Погрешно е да се верува дека некој е само асексуален ако никогаш не доживее сексуална привлечност или ако немал секс. Асексуалноста е спектар, каде што некои може да се идентификуваат како демисексуалци(полусексуалци), на пример, што значи дека не доживуваат сексуална привлечност додека не формираат емоционална врска со некого. Исто така, асексуалност не значи дека тие луѓе не доживуваат романтична привлечност.

Миленумците се асексуални

Ограничената свест за асексуалноста им отежнува на минатите генерации млади луѓе ширум светот да го реализираат својот идентитет – а, најпогодени се милениумците. 34-годишната Анахи Чарлс, која живее во Мексико, забележа дека се разликува од нејзините другарки во средно. Додека сите лудувале по членовите „Бекстрит Бојс“, Чарлс не можела баш да ја види привлечноста. Изгледаа „естетски убави“, вели таа, но не можела да сфати што е тоа што ги направило нејзините пријателки толку луди по нив.

Фото: pixabay.com

Асе и Аро

Со кратенките асе – асексуален, и аро – аромантичен овие луѓе се вмрежуваат и разменуваат искуства. Панелистката Мануел го создала AceChat, профил на Инстаграм, каде што редовно споделува приказни од различни луѓе кои се идентификуваат какоас“.

Мануел вели дека следниот чекор е да се прошири опсегот на AceChat. Луѓето од Франција, Русија, Виетнам, Велика Британија и Канада веќе почнаа да посегнуваат, а во напорите се приклучиле и преведувачи. Даниел(20) од Москва работи на преведување на материјалите на руски јазик и е оптимист дека асексуалноста ќе биде признаена и во неговата матична земја.

Зголемена е застапеноста и во литературата. Меѓу авторите на асе-спектарот се Дарси Литл Баџер, Акеми Даун Бауман и Маја Кобабе. Помагаат и измислените ликови, како Тод Чавез од Бојак Коњаник, од кого Мануел има пластична фигурина.

„Не се предадовме“

Дури и некои „гејови“ имаат лошо мислење за асовите и аровите – асексуалците. На парада на гордоста во Мексико Сити во 2015 година, панелистката Чарлс вели дека тие биле исмевани од останатите.

– Имавме дури и луѓе од ЛГБТ заедницата што нè сожалуваа, велејќи: „смрди да си ти“ – вели таа. Но, не се предадовме.

Најистакнатата група за асови и арови е меѓународната АВЕН, формирана 2001 година од Дејвид Џеј, и таа моментално брои над 135 илјади членови.

Сепак, работите одат на подобро. Веќе следната година, на парадата тие биле поприфатени бидејќи луѓето имале повеќе информации што всушност е асексуалноста, објаснува таа. „Не се предадовме“.

Поврзани содржини