КУЈНАТА ВО КАСАРНАТА НЕ Е ЗАТВОРЕНА Министерството за одбрана ја демантира АХВ

135

Министерството за одбрана ја демантира информацијата дека Кујната на Воената академија е затворена од  Агенцијата за храна и ветерина.

„Ве информираме дека по направениот вонреден хигиенски епидемиолошки надзор од страна на надлежните институции, Агенцијата за храна и ветерина излезе со соопштение во кое јасно е наведено дека во касарната „Гоце Делчев“ каде е лоцирана Воената академија не се најдени недоследности.






Според резултатите од Центарот за јавно здравје, од страна на АХВ е изречена мерка на компанијата која ја приготвува храната за потребите на Министерството за одбрана и Армијата. По добивањето на овие информации Министерството за одбрана ќе започне постапка согласно закон и договорот за јавна набавка“, се наведува во демантот на министерството.

АХВ претходно денеска објави дека изречената мерка по спроведениот вонреден инспекциски надзор за времено затворање на кујната ќе остане на сила се додека со новите лабораториски тестирања не се потврди нејзината безбедност.

Поврзани содржини