Асани: Државата да го заштити просторот кај спомен плочата на куќата на Мајка Тереза
Бараме од нашите институции да пронајдат правен модалитет за да нејзиното духовно и материјално наследство кое претставува национално богатство, го стави под државна заштита.
За среќа на сите – Градот Скопје се одважи и иако станува збор за неправедно приватизиран имот и во други услови, пронајде решение, со што се овозможува отворање на патчето за поставување цвеќиња на спомен плочата на куќата на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, како и поставување на белезите каде што беа темелите на куќата на Бојаџиу, порача Скендер Асани, директор на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците.
– Му се заблагодаруваме на Градот Скопје и на сите луѓе со добра волја, и ја поздравуваме оваа одлука, со што се надеваме дека во иднина нема да има потреба ова прашање повторно да се поставува. И кога сме веќе тука, сакаме да споменеме и еден друг факт, што е исто така многу важен. Оваа смрека, која се наоѓа во овој парк, е всушност смреката што Мајка Тереза ја има засадено со своите раце, во 1980 година – за време на нејзината посета во Скопје, означувајќи ја точката каде што порано била нејзината куќа. Затоа, со оглед на овие факти, во иднина ќе составиме елаборат, кој што ќе биде доставен до релевантните културни институции, со цел оваа област да биде прогласена за заштитена, и во иднина никој да не може да ја загрози – рењче Асани.
Тој додаде дека ликот на Мајка Тереза е најголемото духовно богатство што една држава како нашата може да ја има, но и заради фактот дека таа токму од тука се појави во големиот свет, каде што ги претстави сите најсуштински вредности на хуманоста и солидарноста.
– Токму заради ова, бараме од нашите институции да пронајдат правен модалитет за да нејзиното духовно и материјално наследство кое претставува национално богатство, го стави под државна заштита. Темелите на домот на Мајка Тереза се можеби најважната пресвртница во историјата на личноста која го почести нашиот град повеќе од кој било друг во светот, а меѓу другото тоа е единствената точка на аџилак во Скопје, како и една од најважните туристички точки во нашиот главен град. Затоа, со оглед на сите овие факти, ние секогаш ќе бидеме тука за да ја афирмираме оваа идеја, и исто така сме силно убедени дека надлежните ќе бидат еднакво заинтересирани за ова прашање. И додека сите ние го поддржуваме промовирањето на личноста и ликот и делото на Мајка Тереза, во духот на љубовта и разбирањето што таа ги промовираше во светот, би сакале текстот на спомен-плочата да го одразува нашето меѓусебно граѓанско почитување, како и законската дефиниција за употреба на јазиците во нашиот главен град – смета Асани.