АСАД ВО „ЗЛАТНИОТ КАФЕЗ“ НА ПУТИН ВО МОСКВА Учи руски, Емиратите не го примаат?

Семејството Асад дел од времето го минува во Обединетите Арапски Емирати, каде, според блиски извори, сакаат трајно да се преселат, но таму не се добредојдени. Во Москва, пак, во населбата Рубљовка, сосед му е и поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој исто така живее под заштита на Кремљ од 2014 година. „Гардијан“ пишува дека поранешнионот лидер на Сирија не смее да се појавува во медиумите.

232

Поранешниот претседател на Сирија Башар ал Асад, кој по падот на власта побегнал во Москва во декември 2024 година, денес живее во најелитното московско предградие Рубљовка, но во услови што наликуваат на златен кафез. Според „Гардијан“, Асад учи руски јазик и повторно се занимава со офталмологија, неговата првична професија, но нема јавни настапи и е под постојан надзор на руските безбедносни служби.

– Тоа му е страст, не му требаат пари. Во неговата ординација во Дамаск имаше редици пациенти и пред војната – изјавил негов близок пријател за британскиот весник.






Без пристап до Путин и медиумите

Според текстот, иако со години Асад имал близок контакс со Владимир Путин, нивниот однос се заладил. Извор близок до Кремљ открил дека „Путин нема трпение за лидери кои ја изгубиле власта. Асад повеќе не е влијателен, ниту интересен гостин на вечера.“

Рускиот амбасадор во Ирак, Елбрус Кутрашев, потврдил дека на Асад му е дозволен престој, но не и политичка активност:

– Асад може да живее овде, но не може да се појавува во медиумите. Затоа не слушате ништо од него. Безбеден е, но во тишина – рекол Кутрашев.

Тајниот бегалски лет

На 8 декември 2024 година, додека бунтовничките сили се приближувале кон Дамаск, Асад и најтесното семејство побегнале со авион во Москва. Ни пошироката фамилија, ни најблиските соработници не знаеле за бегството.

Неговата сопруга Асма, која боледува од леукемија, се лекува под „специјални услови“ и експериментална терапија во Москва. Руски извори велат дека нејзиното здравје е под контрола на федералната служба за безбедност (ФСБ).

Луксузна изолација и затворени врати кон Емиратите

Семејството Асад дел од времето го минува во Обединетите Арапски Емирати, каде, според блиски извори, сакаат трајно да се преселат, но таму не се добредојдени.

– Дури и на Емиратите им е непријатно да ги прифатат – изјавил извор близок до семејството за „Гардијан“.

Во Рубљовка, сосед на Асад му е и поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој исто така живее под заштита на Кремљ од 2014 година.

Поврзани содржини