АСАД ТАЈНО ПРЕФРЛИЛ 250 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО РУСИЈА Еве како поранешниот сириски лидер си го купил азилот

Записите покажуваат дека готовината најмногу завршила на сметките на банката на руската финансиска корпорација (РФК), доверител контролиран од државната компанија за извоз на оружје „Рособоронекспорт“.

900

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад за само година ипол успеал да префрли 250 милиони долари од Дамаск во Москва со што го купи својот азил и побегна во Русија откако бунтовниците презедоа контрола врз Сирија. Парите биле трупани во апоени од 100 долари и од 500 евра. Истовремено, роднините на Асад тајно купилe најмалку 20 луксузни станови во Русија преку фирми и кредитни аранжмани, пишува „Фајненшл тајмс“.

Американската компанија „Импорт Гениус“, специјализирана за податоци за трговските трансакции низ светот, откри дека во периодот од март 2018 до септември 2019 година, дваесет и еден пат со авион била префрлена сума од 250 милиони долари од Дамаск во Москва. Тоа беше период кога Сирија беше под западни санкции и практично беше исклучена од меѓународниот монетарен систем.






Записите покажуваат дека готовината најмногу завршила на сметките на банката на руската финансиска корпорација (РФК), доверител контролиран од државната компанија за извоз на оружје „Рособоронекспорт“.

Според податоците од 2018 година, Централната банка на Сирија испратила и два милиони долари на руската банка ТЦМР.

Сепак, сè уште не е позната точната големина на богатството на семејството Асад. Рами Махлуф, братучед на Асад по мајка, беше главен бизнисмен на режимот до 2020 година и се вели дека контролирал половина од сириската економија преку мрежа на компании во која бил вклучен мобилниот оператор Сирија Тел.

Фамилијата на Асад низа години префрлале пари во странски банки, додека Западот гледал. Во извештајот на Стејт департментот од 2022 година се вели дека вредноста на имотот на поранешното владејачко семејство во Сирија, кој се чува на тајни офшор сметки, заедно со недвижен имот во Дубаи, Романија и Русија, може да биде помеѓу 12 милијарди долари и неверојатни 1 трилион долари.

Во оваа процена се наведува дека парите стекнати преку државните монополи и производството на каптагон („кокаин за сиромашните“, многу популарна дрога меѓу младите на Блискиот Исток и Северна Африка), делумно биле реинвестирани на територии надвор од дофатот на меѓународното право.

– Режимот мораше да ги стави своите пари во странство на безбедно место за подоцна да може да обезбеди добра живот за внатрешниот круг на својот народ – вели Дејвид Шенкер, американскиот помошник државен секретар за Блискиот Исток од 2019 до 2021 година

Поврзани содржини