АСАД ПРЕЖИВЕАЛ АТЕНТАТ СО ТРУЕЊЕ ВО МОСКВА Русија засега не коментира, извештаите се непотврдени

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, повикувајќи се на „приватен извор“, тврди дека Асад во понеделникот бил отпуштен од болница во предградие на Москва. Непотврдени извештаи претходно сугерираа дека Асад бил примен во болница во критична состојба откако бил отруен, објави „Дејли меил“.

236

Врз поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад бил извршен атентат со труење, и тој се  лекувал во болница, објави британскиот весник „Дејли меил“.

Асад пред 9 месеци доби политички азил во Русија, откако беше соборен од власта во граѓанската војна во Сирија.






Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, повикувајќи се на „приватен извор“, тврди дека Асад во понеделникот бил отпуштен од болница во предградие на Москва.

Фото: Принтскрин

 

Истиот извор наведува дека Асад бил отруен и дека мотивот за атентатот бил „да се засрами руската влада и да се обвини за соучесништво во неговата смрт“.

„Дејли меил“ објави дека сирискиот Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека состојбата на Асад сега е „стабилна“.

Исто така, тој додаде дека само братот Махер Асад имал дозвола да го посетува поранешниот претседател во болницата, пред сè, поради високите безбедносни мерки.

Руската влада засега не ги коментира тврдењата.

Непотврдени извештаи претходно сугерираа дека Асад бил примен во болница во критична состојба откако бил отруен, објави „Дејли меил“.

Поврзани содржини