ЈАС, ТАТЕ И БАТЕ Новата фотоцентрала на Заеви ќе никне на кров од зграда во Струмица
Фирмата за производство на електрична енергија, регистрирана лани во октомври, го поднесе првото барање за издавање на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, а истото е објавено на 15 мај, објави порталот Фактор.
Првата фотоцентрала што ќе ја изгради Солар Грин Енерџи на Вице Заев и Панче Заев, братот и таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, ќе биде со моќност од 315 киловати и ќе биде поставена на кров од објект.
Фирмата за производство на електрична енергија, регистрирана лани во октомври, го поднесе првото барање за издавање на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, а истото е објавено на 15 мај, објави порталот Фактор.
„Друштвото за производство, трговија и услуги СОЛАР ГРИН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Струмица, со седиште ул. Гоце Делчев бр.113 Струмица, на 10 мај 2023 до Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија поднесе Барање УП1 бр.12-314/23 за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ СОЛАР ГРИН 3 со инсталирана моќност од 315 kW. Друштвото за производство, трговија и услуги СОЛАР ГРИН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Струмица, со барањето достави, Решение за поставување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија на кров од постоечки објект СОЛАР ГРИН 3 со моќност од 315 kW на КП бр. 2077/2 (на дел од објект бр.1 и на дел од објект бр. 2) КО Струмица“, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Решението за изградба е издадено од 25 ноември 2022 од Општина Струмица. Целта за стекнување на лиценцата e производство на електрична енергија за продажба на слободниот пазар. Бараното времетраење на лиценцата е 35 години, дополнува РКЕ.
Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, е управител на Солар Грин Енерџи, чиј сопственик е Панче Заев. Сега е јасно дека оваа компанија ќе го користи сонцето како обновлив извор на енергија за производство на струја.
Солар Грин Енерџи може да се каже дека е втора фирма во потесното семејство на Зоран Заев во бизнисот со електрична енергија, покрај Тотал Енерџи на 19-годишниот син Душко Заев.
МАЛИОТ НА ЗАЕВ ЌЕ ПРОДАВА СТРУЈА Душко наполни 18 години и ја отвори фирмата „Тотал енерџи“