ЈАС ПРИТИСОК!? НИКОГАШ, НИКАДЕ, НИКОМУ… Талат Џафери на прашање како син му предвреме положил правосуден

Доколку претседателот на државата како претседател на Советот за безбедност, цени дека има потреба за средба ние стоиме на располагање - рече Џафери во врска со зачестените дојави за бомби.

483

Никогаш, никаде и никому не сум вршел притисок што се однесува по однос и на мој статус и по однос на членови на семејство, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, одговарајќи на прашање дали влијаел на одлуката за предвременото полагање правосуден испит за неговиот син.

Џафери ијнформираше дека е добиен извештајот на МВР за затворената седница на која директорот на АНБ Виктор Димовски даваше отчет за случајот „Онишченко” и денеска е пуштено соопштение до Комисијата дека има предуслови да продолжи со работа.






– Определена е друга просторија каде во наредниот период ќе може да се одржува седницата, рече Џафери на заедничката прес-конференција со претседателот на Собранието на Косово Глаук Конјуфца.

Во врска со дојавите за бомби Џафери вели дека досега се потврди дека тоа се лажни дојави, но, како што посочи, не е на одмет институциите соодветно да ја следат ситуацијата и ја следат.

– Доколку претседателот на државата како претседател на Советот за безбедност, цени дека има потреба за средба ние стоиме на располагање – посочи Џафери.

Поврзани содржини