ЈАС НЕ АНКЕТИРАМ, ТУКУ АНАЛИЗИРАМ БРОЈКИ И ТРЕНДОВИ Некому му се допаѓа, а некому не, вели Петар Арсовски

Со внимание го следам развојот на настаните за анализите на МТВ и во овој момент можам да го кажам дека моето учество во анализите за кои станува збор не вклучува спроведување анкети, туку анализа и коментар на бројки и трендови, изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

1,278

Јас сум политички аналитичар, коментирам актуелни политички состојби веќе две децении. Некогаш моите анализи не им се допаѓаат на едни, некогаш на други, некогаш на трети, за жал тоа е дел од домашниот политичкиот фолклор.

Ова го изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски откако владејачката СДСМ објави соопштение во кое се вели дека постои „оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести“.






– За мене е најважно што сиот овој период, иако со многу напор, успевам да го зачувам професионалниот кредибилитет и затоа, како и во претходни случаи така и сега, не чувствувам никаква потреба да бидам инволвиран во ниту една дневно-политичка пресметка. Со внимание го следам развојот на настаните за анализите на МТВ и во овој момент можам да го кажам дека моето учество во анализите за кои станува збор не вклучува спроведување анкети, туку анализа и коментар на бројки и трендови. За евентуална проверка или валидација на податоците добиени од спроведените истражувања морам да ве упатам на агенцијата која ги спроведувала истражувањата – изјави Арсовски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска остро ги демантираше ваквите тврдења на СДСМ:

„Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес, како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДСМ.

Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДСМ е нормално да го згрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски, веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста. Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДСМ, кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз. Откако синоќа новинарот Фуркан Салиу објави сторија за постоење „оперативен план, меѓу другото и за креирање на лажни вести“, утрово со наводни документи излезе и владејачката СДСМ. Според клеветничките обнвинувања, задолжен за тоа, освен шефот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галевски, бил и Владимир Божиновски, сопственик на Агенцијата ИПИС, која од 31 јануари па до денес прави анкети за МТВ. На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи. За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето. Поминува времето кога Ковачевски може шеретски да седи на влада и да одлучува кој што ќе прави. Да потсетиме, на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од 1 евро за метар квадратен. Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош. Бараме СДСМ да се извини за ваквите лаги, во спротивно ќе следи тужба за клевета“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ФАБРИКА ЗА КЛЕВЕТИ Некогаш измислуваа бугарски летоци, сега измислуваат таен план за лажни анкети и лажни вести

Поврзани содржини