Јас, молив: Моето семејно стебло

Моливот е резултат на илјадници работници од десетици земји, на различни континенти. Она што ги поврзува не е некој плански орган, комитет, комесар или нешто слично, туку пазарот преку ценовниот систем.

2,545

(Leonard E. Read: “I, Pencil: My Family Tree”, 1958)

Дали може самите да направите еден навидум обичен производ како што е моливот? Одговорот го даде американскиот економист Леонард Рид во есеј објавен во далечната 1958 година, подоцна популаризиран од страна на нобеловецот Милтон Фридман.






Со моите студенти овој поучен пример сум го споделувал уште од далечната 1986 година, кога за прв пат дојдов до есејот за моливот.

Моливот е резултат на илјадници работници од десетици земји, на различни континенти. Она што ги поврзува не е некој плански орган, комитет, комесар или нешто слично, туку пазарот преку ценовниот систем.

Моливот има не повеќе од 7-8 компоненти (дрво, метален дел што ја држи гумичката за бришење, графит, лепак, боја и сл.)

Сега замислете што сѐ е потребно за производство на современ тип на автомобил кој се состои од околу 30.000 (триесет илјади) делови.

Примерот стана повторно актуелен во контекст на ударот врз светската економија и глобалните синџири за снабдување по воведените царини за американскиот увоз ид страна на претседателот Доналд Трамп.

Кратко видео од Фридман деновиве постираше и Илон Маск. Со оглед на неговиот број следбеници на социјалната мрежа Х, примерот со моливот допре до милиони луѓе во светот.

Значењето на ценовниот механизам за координација при производство на молив сосема накусо го објаснува нобеловецот Милтон Фридман во видеото во прилог.

За тие што сакаат подробно да се запознаат со аргументите од примерот, даден е линк од оригиналниот есеј на економистот Леонард Рид.

Во овој контекст, на значењето на меѓународната трговија на симпатичен начин укажа студентот Томас Твеитс во предавање во рамките на популарната серија TED Таlks, одржано во злондон во ноември 2010 година.

Студентот Томас се зафатил со амбициозен проект да произведе тостер. Оди во рудник за железна руда за да произведе метални делови, самиот ја произведува пластиката и други делови и доаѓа до нешто што наликува на тостер.

Направата се топи целосно по пет секунди откако е приклучена на електрична енергија. Ова предизвикува смеа и симпатии кај публиката што го проследува настанот.

Вреди да се погледне видеото од You Tube во прилог. Примерите на сликовит начин говорат за неопходноста од слободна меѓународна трговија и меѓународна поделба на трудот за производство и на најелементарните добра кои ги користиме во секојдневниот живот.

Поврзани содржини