📽 „ЈАС ИЗЛЕГОВ, ТАТО НЕ УСПЕА“ Ќерка на пејач се огласи по трагедијата во ноќен клуб во Доминикана

Во клубот во моментот на трагедијата имало меѓу 1.000 и 1.500 гости. Медиумите јавуваат дека најмалку 44 луѓе се мртви.

1,777

Најмалку 44 лица загинаа, а повеќе од 160 се повредени при уривање на покривот на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република. Меѓу жртвите е и гувернерот на провинција.

Делови од покривот се урнаа врз посетителите на забавата за време на концертот на пејачот Руби Перез. Според медиумите, меѓу повредените е и музичарот, кој е популарен во Латинска Америка.






Спасувачите бараа затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.

Директорот на Центарот за итни операции, Хуан Мануел Мендес, рече дека спасувачите ќе бараат неуморно се додека постои надеж дека некој преживеал.

– Продолжуваме да работиме и да бараме луѓе под урнатините. Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи и затоа властите нема да се откажат овде додека не се извлече и последниот човек од урнатините – рече Мендез.

Претседателот Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на „X“.

– Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените – додаде тој.

Зулинка Перез, која била на настапот на нејзиниот татко во дискотеката, изјавила дека сѐ се случило одеднаш. Таа вели дека успеала да излази од урнатините, но дека нејзиниот татко се уште е закопан.

– Мојот сопруг, кој е придружен вокал, скокна врз мене и ми рече: „Мамичке, излези, не смее да ни биде оставено бебето само ако се сруши сето ова“, а јас некако излегов, но тато… – вели потресената Зулинка.

Ќерката на познатиот пејач вели дека во клубот во моментот на трагедијата имало меѓу 1.000 и 1.500 гости и дека спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на настанот.

 

Поврзани содржини