„ЈАС И СТЕВО ВЕ НОСИМЕ ВО БРИСЕЛ, КОЈ САКА НЕКА ДОЈДЕ“ Ковачевски и Пендаровски демонстрираа самоувереност во Аеродром

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, повтори дека прашањето на овие избори е кој има план за иднината, а кој нема план и нема визија.

782

„Јас и Стево докажавме дека местото каде ние двајца заедно со сите вас граѓаните ќе ја однесеме целата држава е Брисел и ЕУ. И ако сакаат овие кои ќе изгубат на 8 мај да ни се приклучат, вратата е ширум отворена за сите“,  истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

– Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина. И ве уверувам, победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори! Стево е политичар со прогресивни идеи. Без ниту една грешка во првиот мандат и без ниту една црна дамка! Стево силно верува во европската иднина! – рече Ковачевски

Пендаровски потсети дека Европа пред неколку месеци го промовираше Планот за развој, кој предвидува на шесте држави од Западен Балкан да им бидат дадени милијарди евра.

– Мора да ја искористиме таа шанса. Се надевам дека по овие избори ќе има политичка структура составена од нашите луѓе кои знаат дека, за да биде просперитетна, Македонија мора да биде дел од Европа. Сигурен сум дека и македонските граѓани на 24 април ќе ја изберат опцијата 1, за прогрес на сите нас и нашата држава – додаде тој.

Ковачевски вели дека прашањето на овие избори е кој има план за иднината, а кој нема план и нема визија.

– Со кого е можен напредок и членство во ЕУ а со кого е можно само враќање назад во минатото Надеж за подобра европска иднина со СДСМ и коалицијата за европска иднина и надеж со Стево Пендаровски или безнадежност и враќање назад со ВМРО –  ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова – рече Ковачевски.

 

Поврзани содржини