ЈАС И СЕГА СУМ ЧЛЕН НА УО НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ, ПА АНТИКОРУПЦИСКА НЕ РЕАГИРАЛА Советот на обвинители допрва ќе одлучува за моето членство во управниот одбор, вели Димитриеска

Јас и уште еден член од Советот на јавни обвинители сме и актуелни членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и досега, доколку имало судир на интереси, ДКСК можела и морало да констатира, меѓутоа не констатирала, вели претседателката на Советот на обвинители Душица Димитриеска.

405

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска денеска на прес-конференција рече дека не е донесена одлука за нејзино повлекување од функцијата член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

На новинарско прашање дали е донесена одлука за нејзино повлекување од Управниот одбор на Академијата, откако Државната комисија за спречување на корупцијата донесе таква препорака, Димитриевска одговори дека одлуката ќе биде донесена на седница на Советот.






Минатата недела Антикорупциската комисија укажа дека назначувањето на членови на Советот на јавни обвинители и на Судскиот совет за членови на УО на Академијата за судии и обвинители е спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

– Одлука не е донесена со оглед дека одлуката на ДКСК е доставена на крајот од минатата недела. Таа треба да биде предмет на сите членови на Советот и на седница ќе донесеме одлука. Јас и уште еден член од Советот сме и актуелни членови на УО на АСЈО. Досега, доколку имало судир, ДКСК можела и морало да констатира, меѓутоа не констатирала. Не претставувало проблем нашето членување во Управниот одбор. Одлуката е донесена од страна на Советот согласно закон, каква одлука понатамошна ќе донесеме, ќе бидете известени – рече Димитриеска на денешната прес-конференција во Советот.

ДКСК изминатата недела порача Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО).

Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО.

Оттаму истакнаа дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не смеат да вршат функции во органи на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалби на кандидатите за судии и јавни обвинители.

Поврзани содржини