ЈАС ЌЕ МУ ПОТВРДАМ НА КОВАЧЕВСКИ ЗА ЏАФЕРИ Николоски бил во Собранието кога претседателот ги навредувал вработените

Николоски додаде дека тој лично бил во салата во Собранието, во моментот кога Џафери ги кажал тие погрдни зборови на вработените.

980

Да кажам нешто што можеби не е познато во јавноста, Ковачесвки спомена дека не може да даде мислење за Џафери затоа што не е сигурен дали е тој или не е тој. Еве јас да му кажам на Ковачевски дека е тој. И тоа затоа што јас бев внатре во салата кога Џафери ги изнесе тие пцоски и тие погадни зборови кон вработените во Собранието,истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Николоски додаде дека тој лично бил во салата во Собранието, во моментот кога Џафери ги кажал тие погрдни зборови на вработените.






– Јас лично бев внатре така што ако сака еве потврда нека ми се јави мене, јас ќе му потврдам дека јас бев внатре и јас со свои уши слушнав како тоа го кажа Џафери – нагласи Николоски.

Николоски посочи дека снимката одеше на официјалниот собраниски канал.

– Денес побаравме да се испита деловната способност затоа што мислиме дека неколку инциденти водат кон тоа, а барањето на оставка е најмалата работа која што можеме да ја побараме – рече Николоски.

Николоски додаде дека доколку не се случи закажување на лидерска средба на утрешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе се разговара за следни чекори, а тоа е блокада на Собранието.

– Сите опции се на маса и сето што го дозволува демократијата е на маса, но јас се уште се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе се прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба на која што ќе разговараме за клучните теми – нагласи Николоски.

Тој не е сигурен и во тоа дека Македонија ужива поддршка од западните земји, кога е во прашање нејзината евроинтеграција. Како пример го зеде протисокот што во моментов го трпи Турција, со цел да го дозволи членството на Финска и на Шведска во НАТО.

– Има еден драматичен, сериозен притисок врз Турција да се откаже од ветото односно блокадата, секако да се разговара за нивните барања, но да се откаже од ветото. Што години наназад не го гледаме како притисок врз Бугарија. Што само потврдува дека постојат сериозен број на земји членки на ЕУ кои што не се убедени дека Македонија треба да почне преговори со ЕУ и ја користат Бугарија само како добар изговор, а не се убедени пред се степенот на корупција, и ради немањето реформи – нагласи Николоски.

Поврзани содржини