„ЈАС ЈАВНО ЌЕ СЕ БОРАМ СО КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА“ Вака премиерот Мицкоски го коментираше обидот за поткуп за Коридорот 8
Време е за чесни политичари кои го сакаат својот народ. И така ќе продолжиме. Сакам да отвориме една телефонска линија, и на таа линија граѓаните да пријавуваат криминал и корупција. Кај нас тоа е од пандемиски размери, рече премиерот Мицкоски од Македонска Каменица.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска за поткупот за Коридорот 8 изјави дека јавно ќе се бори против кирминалот и корупцијата во државата. Тој рече дека наскоро ќе иницира отворање на телефонска линија, каде што ќе може граѓаните да пријавуваат криминални и коруптивни дејствија.
– Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што е тоа стар тендер, јавна набавка која ја водела претходната влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив јавно да се борам со криминалот и корупцијата, и тоа е порака дека времето за криминалците во политиката заврши. Време е за чесни политичари кои го сакаат својот народ. И така ќе продолжиме. Сакам да отвориме една телефонска линија, и на таа линија граѓаните да пријавуваат криминал и корупција. Кај нас тоа е од пандемиски размери. Додека сум јас премиер, место за криминалците во политиката ќе нема. И затоа на секој еден именувам функциониран од ВМРО-ДПМНЕ му испраќам порака: Да го чуваш својот образ, и така ќе го чуваш мојот и на организацијата – рече Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски од Македонска Каменица најпрво упати честитка за големиот христијански православен празник, голем ден за православните христијани, Успение на Пресвета Богородица, при што посака хармонија, здравје, многу љубов, разбирање за сите наши сограѓани без разлика од нивната вероисповед.
– Овој е ден кога православните христијани се меѓу своите најблиски во кругот на своето семејство и тоа е момент кога можеме да си кажеме она коешто сме го пропуштиле да си кажеме во изминатиот период, истовремено сакам и на рударите коишто се во рударските окна да им го честитам денот бидејќи ова е и нивен ден. Денот го започнавме во Пробиштип го продолжуваме овдека во Македонска Каменица, традиционално продолжуваме во Берово, така што навистина очекувам денеска да имаме убав ден полн со позитивна енергија и убави мисли. Од овде од Македонска Каменица сакам да испратам една порака, а тоа е дека периодот којшто следи ќе имаме многу предизвици, во периодот којшто следи ќе работиме многу, ќе се бориме и на крај ќе победиме. Македонија ќе победи, граѓаните ќе победат. Доста беа порази 7 години. Конечно почнавме и ќе продолжиме да победуваме колку и да сакаат оние ретроградни сили коишто изминативе 7 години ја влечеа државата назад, но да ја оставиме политиката на овој голем ден, да се фокусираме на духовното и во таа насока уште еднашка дозволете ми да им посакам на сите наши сограѓани мир, хармонија и здравје во нивните домови – рече премиерот
„БЕВ ЖРТВА НА ОБИД ЗА ПОТКУП“ Мицкоски нема да го потпише тендерот за пругата кон Бугарија