ЈАС ЈА СОСТАВУВАМ ВЛАДАТА, ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД МИНИСТЕРОТ ЛИМАНИ Мицкоски со остра порака до Беса и до Касами

Јас сум мандатар на Владата и јас ја составувам. Ако некој тоа го заборавил, еве да го потсетам, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неофицијалните информации дека Беса ќе бара Фатмир Лимани веќе да не е министер од нивните редови. 

518

Јас сум задоволен од работењето на министерот Фатмир Лимани и сметам дека тој е додадена вредност во Министерството за социјални политики, демографија и млади, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој одговараше на новинарско прашање во врска со вечерашниот состанок на партијата Беса, на кој, според неофицијални информации, партијата ќе побара Лимани веќе да не е министер од нивните редови.






– Јас сум мандатар на Владата и јас ја составувам. Ако некој тоа го заборавил, еве да го потсетам – рече Мицкоски.

На прашање дали е можно она што го рече претседателот на Беса, Биљал Касами, дека министерот за правда Игор Филков може да биде опфатен со реконструкцијата на Владата, Мицкоски одговори:

– Не знам, тоа можете да го прашате господинот Касами.

Поврзани содржини