АРТАН, ТЕРАПИЈА ЌЕ ТИ ПРЕПИШЕ Д-Р ТАРАВАРИ, ДА СИ ЈА ЗЕМЕШ НА 8 МАЈ! Ганиу „загрижен“ за здравјето на Груби

Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка, како што кажаа. Нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер. Ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома - рече Груби.

3,873

Артан, терапија ќе ти препише д-р Арбен Таравари, да си ја земеш на 8 мај!“ – реагираше градоначалникот на Чаир Висар Ганиу во објава на својот фејсбук-профил.

Неговата реакција следи откако денес Артан Груби во име на ДУИ се појави на прес-конференција пред седиштето на општина Чаир со куфер во рака, барајќи функционерите на албанската опозиција да поднесат оставки од позициите, кои ги имаат, и потоа да си одат дома со понудениот куфер.






– Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка, како што кажаа. Нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер. Ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома – рече Груби.

Лидерот на Демократското движење, во име на севкупната албанска опозиција „Вреди“, Изет Меџити напиша дека сѐ оди според планот и дека влегуваат во следната фаза од стратегијата, која ќе ја донесе конечната победа на 8 мај!.

Со тоа Меџити му одговори на Груби од ДУИ, кој денес им подготви куфер на Меџити и неговите колеги – опозиционери со порака да си дадат оставки и да си одат дома.

– Ќе падне режимот на Ахмети, Груби, Османи! Одиме до крај!“, напиша Меџити и дополни: „Изразувам длабока благодарност до сите оние кои гласаа за Арбен Таравари и тоа ѝ даде неоспорна поддршка на коалицијата ВРЕДИ како единствен легитимен претставник на Албанците!“.

Поврзани содржини