АРТАН ГРУБИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА Има индиции за сторен криминал од најмалку 8 милиони евра
За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДСМ, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник, тврди Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДСМ и ДУИ. Артан Груби кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДСМ и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата, рече денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата, Груби достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните.
Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија, освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници.
За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДСМ, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник.
Груби крадеше, СДСМ молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност.
Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе продолжи и секој кој го кршел законот, порано или подоцна, ќе се соочи со правдата – рече Петрушевски.