„Арт рок хепенинг“ во Кавадарци
Учествуваат ликовните уметници Драган Најденовски од Битола, Новица Трајковски и Андријана Мациев од Скопје и Киро Јосифов, Лазар Дојчинов и Горан Боев од Кавадарци.
„Арт рок хепенинг“ ќе се одржи вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци со почеток во 19 часот. На манифестацијата, во текот на денов и претходеше сликање на уметнички дела од страна на ликовни уметници од повеќе градови, на отворен простор. Делата ќе бидат финализирани на крајот од денот, пред очите на јавноста.
– Учествуваат ликовните уметници Драган Најденовски од Битола, Новица Трајковски и Андријана Мациев од Скопје и Киро Јосифов, Лазар Дојчинов и Горан Боев од Кавадарци. За музичкиот дел ќе се погрижи „Ано бенд“ од Кавадарци, појаснија од Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, кој овој настан го организира со поддршка на Министерството за култура.
Оттаму нагласија дека активностите се одвиваат според протоколите за работа во време на коронавирус. За сите присутни на настанот – носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 – 2 метри и ограничен број на посетители.