АРТ КУЈНА НА ДЕГУСТАЦИЈА НА КИСЕЛО ПИВО Пробавме 9 вида на пиво одлежано и ферментирано во вински буриња

Ако некој деновиве ви понуди кисело пиво кое е одлежано една година во буре од вино – не бидете скептични или премногу критични. Тоа е нешто во што денес уживаат многу луѓе ширум светот. Овој за нас нов тип на крафт пиво ни го презентираше во најдобро светло и преку најнеобични вкусови, македонскиот веле-мајстор Димитар Јовановски од хрватската Пивница и пивовара Млинарица

272

Во винската соба на Дејан Донев, одбрано друштво од некои од нашите најстари и најдобри мајстори за пиво, потоа, пивољупци, винољупци, домаќини, гости, 10 мажи, повеќето тетовирани и брадосани и две женишта, Симона од скопскиот Микропаб и авторката на текстот, од Арткујна, обична љубопитница, со големо задоволство и уште поголем интерес храбро дегустиравме дури 9 видови пиво.

И тоа не какво било, туку од оние, киселите. Осум пива, сите до едно одлежани во буриња од вино и едно одлежано во буре од бурбон.
И не само што звучи интересно, туку и беше интересно и беше, … па да, беше и кисело и вкусно и ново. Комплексни пива со различни вкусови и прекрасни бои.






Случајно и намерно кисели пива

Можеби сте налетале некогаш на кисело или расипано пиво, но ако сте слушнале за намерно киселите пива, тогаш сигурно веќе знаете дека кога пивото е кисело, не мора да значи дека е расипано. Епа овие пива за кои станува тука збор се намерно кисели.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини