Арсовски: Заев е најголемиот манипулатор, на Бугарија ѝ ветува банка, државниот удел во телекомот, железницата…

Знаејќи ги ставовите и црвените линии на бугарската влада, сакаме да прашаме и прашуваме за кое што Зоран Заев мора веднаш да одговори што содржи таа понуда која што ја дала Владата на Заев до бугарската страна? Од што се откажува Зоран Заев и каква штета трпат граѓаните и државата заради неговата понуда за нов договор и одблокирање на интеграциите?, вели Арсовски.

831

Зоран Заев е еден обичен лопов и брутален лажго. Зоран Заев е човекот кој ја обезличи Република Македонија и го обесчести македонскиот народ, единствено за свои лични интереси, изјави на денешната прес конференција, Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо да се крие позади надежни изјави кои што ги дава деновиве, Зоран Заев треба да одговори неколку работи кои што ја интересираат јавноста. Наместо да молчи и да се однесува како кукавица каде што ќе се обиде повторно да им забие нож во грб на граѓаните кукавички и да ги обезличи уште повеќе, нека се одважи и нека говори јавно за целиот проблем, начинот и текот на преговарање со источниот сосед – вели Арсовски.






Вчера, од неговиот коалиционен партнер јавноста дознава дека Владата на Зоран Заев дала понуда до бугарската страна за одблокирање на интеграциите, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Знаејќи ги ставовите и црвените линии на бугарската влада, сакаме да прашаме и прашуваме за кое што Зоран Заев мора веднаш да одговори што содржи таа понуда која што ја дала Владата на Заев до бугарската страна? Од што се откажува Зоран Заев и каква штета трпат граѓаните и државата заради неговата понуда за нов договор и одблокирање на интеграциите? Каде оваа понуда која што ја дал Зоран Заев ја вети пред изборите на граѓаните и каде им ја објасни на граѓаните? Зошто повторно се обидува да ги изманипулира граѓаните со нешто што не го ветил, а сега го нуди за да ги обезличи уште повеќе? Што се има понудено Зоран Заев во таа нова понуда? Пред изборите говореше дека договорот со Бугарија е најдобриот договор што можел да се склучи и зошто сега има било каква потреба од нови понуди кои никој не знае што содржат? – праша Арсовски.

– Освен обезличувањето на државните и граѓанските интереси, информациите говорат дека Зоран Заев има ветувано и има и други концесии кон бугарската страна. Во прашање како што рековме изминатите неколку денови се сериозни бизнис ветувања од Зоран Заев кон бугарската страна, поголем пакет кој вклучува сериозен приватен и државен капитал кој требало да биде продаден на бугарски фирми и бугарски бизнисмени. Тука би набројале, една поголема банка, државниот удел на Република Македонија во Телеком, што ќе значи и целосно приватизирање, железнички транспорт, ТЕЦ Неготино, земјоделско земјиште кое што наводно и веќе било капарисано од одредени луѓе кое што треба да стане градежно и уште многу други работи – рече Арсовски.

Што значи дека Зоран Заев е подготвен да одземе од граѓаните и да го продаде само заради негов личен интерес. Дали ова се бизнис концесиите кои што ги ветувал Заев и не ги исполнил, но за жал и се уште ги ветува на бугарската страна? Зоран Заев е најголемиот лопов, манипулатор и за жал преварант кој што го имала некогаш македонската политика на сцена. Не се потребни кукавичките чекори на Зоран Заев и да ги манипулира граѓаните, туку во моментот потребна е влада на национален спас и тоа уште веднаш – порача Арсовски.

Поврзани содржини