Арсовски за протестот на Јанчев: Ви кажав дека ќе го откаже

3,690

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски преку Фејсбук иронизира за закажаниот, па откажаниот протест на кавадаречкиот градоначалник и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев.

– Ви кажав дека ќе го откаже протестот. Науката штом кажала дека протест закажан на полноќ нема да се одржи 94.9 отсто мора да и веруваме. Затоа, другпат размислување со трезвена глава Утрото е попаметно од вечерта – напиша Арсовски на Фејсбук.






Јанчев синоќа  закажа протест за во понеделник пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за смена на лидерот Христијан Мицкоски, за денеска да го откаже протестот откако се  консултирал со Министерството за здравство и со Комисијата за заразни болести.

https://www.facebook.com/dimsa.arsovski/posts/10224175111986538

Поврзани содржини