Арсовски, ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулација доби двојно повеќе простор за рекламирање во изборите (ВИДЕО)

722

Предвремените парламентарни избори поминаа и излегоа сите лукративни дејанија на СДСМ, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи го извештајот за платено политичко рекламирање што го објави Агенцијата за медиуми го објави, каде што може јасно да се забележи дека соодносот на рекламирањето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е 2 наспроти 1, односно двојно повеќе простор добил СДСМ за платено политичко рекламирање на овие избори.

„На само 5 минути пред завршувањето на вонредната состојба во Република Македонија, воведена заради справување со пандемијата од ковид-19, СДСМ, наместо да се посвети на сузбивање на пандемијата, на последната седница на владата, изгласа уредба во пресрет на предвремените парламентарни избори за медиумски мрак и за гушење на политичкото претставување на опозицијата.






Не само што беше противзаконски, туку беше директно мешање во изборниот процес. Па така, ВМРО-ДПМНЕ доби ограничен простор за рекламирање во медиумите, а СДСМ доби простор да може да се рекламира и двојно повеќе од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Арсовски.

Тој изјави дека тоа беше и една од причините за „најнедемократските избори и изборниот грабеж кој што е случи на овие избори“ и додаде:

„Лукративните намери на СДСМ каде што ја искористија вонредната состојба за директно мешање во изборниот процес, а не за борба со корона пандемијата, излегоа на површина и веќе се јавно достапни. Од СДСМ и не може да се очекува нешто друго“.

Поврзани содржини