Арсовски: Стумичката агенција го обезбедува ЕВН за двојно повисока цена од пред две години
Податоците кои ги презентира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ за 2018 година гворат дека истата Агенција за обезбедување добила тендер од 5 милиони евра од универзалниот снабдувач за истата работа.
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нови детали од аферата испумпување пари за семејството Заеви. портпаролот на партијата Димче Арсовски на денешната прес- конференција рече дека сомнително е и тоа што универзалниот снабдувач со електрична енергија (ЕВН електроснабдување) веќе трета година плаќа двојно повисока цена за обезбедување од порано.
Арсовски рече дека Агенцијата за обезбедување чиј газда е струмичанец, и преку која постојат сомнежи дека се испумпуваат пари за семејството Заеви, е фирмата која го склучила најголемиот договор од видот услуги со универзалниот снабдувач со струја, во последните неколку години.
– Имено договорот склучен лани на 28.06. е со висина од 12 милиони евра. Што обезбедува оваа струмичка агенција за обезбедување, па за истото треба да и се исплатат 12 милиони евра, ако се знае дека истата претходно извршувала сличен вид на услуги кои ги добивала преку три тендерски постапки и тоа на 16.03.2018 година, договор во висина од 800.000 евра, на 30.04.2018 година, договор во висина од 1,8 милиони евра, и договор склучен на 22.02.2019 година во висина од 2,5 милиони евра, сите три за услуги за обезбедување и тоа вкупно за 5 милиони евра?!Што се сменило во 2019 година, за разлика од 2018 година па истите услуги се платени повеќе од двојно поскапо?!- праша Арсовски.
Тој додаде дека можеби станува збор за зголеманта маржа за универзалниот снабдувач за пшто ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека е направено за создавање профит кај некој од власта.
-Треба да одговорат институциите. Дали разликата во маржи завршува директно кај семејството Заеви?! И ова треба да биде предмет на испитување и да се докаже. Граѓаните очекуваат одговори, затоа што ова се нивни пари, кои тие ги плаќаат преку сметките за струја, а поради кои сега имаме и зголемување на цената на електричната енергија. Дали зголемената цена на електричната енергија е резултат на зголемената маржа на универзалниот снабдувач кон оваа струмичка агенција за обезбедување или допрва следуваат нови испумпувања на пари од контото на истиот овој универзален снабдувач?! Ќе видиме како ќе се одвива, и тоа треба да биде исто така предмет на следење – рече Арсовски.
Тој рече дека за сомнежите на ВМРО-ДПМНЕ дека се испумпуваат пари од универзалниот снабдувач преку струмичката агенција за обезбедување нема никаков одговор од институциите
-Фактите до сега говорат дека само за обезбедување струмичката агенција добила 17 милиони евра само од универзалниот снабдувач, а вкупно 21 милион евра од универзалниот снабдувач и државата заедно. Ако некој се сомнева зошто се плаќа повисока цена на струја треба да се знае дека се работи за бизнис интереси на власта и на семејството Заеви – рече Арсовски.