Арсовски: Собранието не е комплетно конституирано

Арсовски појасни дека претседавачот Џафери, веднаш по точката за верификација на мандатите ја прекина конститутивната седница и практично во овој момент како што стојат работите ние имаме некомплетно конституирано Собрание без претседател на Собранието, што е дел од политички договор.

623

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Собрание моментално не комплетно конституирано. Партијата дополнително ќе соопшти за  разговорите за формирање парламентарно мнозинство.Ова денеска го соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Претседавачот со седницата Талат Џафери, веднаш по точката за верификација на мандатите ја прекина конститутивната седница и практично во овој момент како што стојат работите ние имаме некомплетно конституирано Собрание без претседател на Собранието, што е дел од политички договор. Тоа било така и во минатото, и доколку го сумираме ставот накратко, во овој момент не е комплетно конституирано македонското Собрание – рече Арсовски.






Во врска со прашањето за разговорите за формирање парламентарно мнозинство и влада, тој рече дека нема други детали освен она што вчера го одговори  лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

– Да оставиме што ќе се случува и како ќе се развива текот на преговорите наредните денови, па ќе соопштиме дополнително – рече Арсовски.

Поврзани содржини