Арсовски: Славијанка лаже како што и наредил Заев, снимката од теретаната е стара

932

Истрагата на МВР покажа дека снимката со која манипулира СДСМ фалсификаторска датира од пред повеќе од половина година, а истото тоа го потврдија и до фитнес центарот за кој што станува збор. Свесно лажеа и свесно ја манипулираа македонската јавност со една единствена цел за прибирање на ситни политички поени и дефокус од реалната ситуација која што ни се случува, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо СДСМ фалсификаторска да ја пушта свесно да се бламира јавно Славјанка Петровска и да продолжува да лаже како што и наредил нејзиниот шеф Зоран Заев за да им го испере срамот, треба да земат уште веднаш да им се извинат на граѓаните што ги лажеа за снимката која што ја пуштија во јавноста.






Какви структури на СДСМ фалсификаторска го следат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дали тој и неговото семејство се предмет и цел на следење од структури на СДСМ фалсификаторска кои што се закана за нивната безбедност – праша Арсовски.

 

 

 

Поврзани содржини