Арсовски: Шилегов среде рецесија вработува 135 партиски војници во Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ бара градоначалникот на Скопје да објасни јавно кои се причините за новите вработувања.

502

Во бизнисот и во економијата има рецесија, но нема и во партиските вработувања. Вчера мнозинството на СДСМ во советот на градот Скопје по предлог на градоначалникот Петре Шилегов изгласа и одобри 135 вработувања на определено време на директен товар на грбот на граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од патријата бараат градоначалникот на Скопје да објасни јавно кои се причините за новите вработувања.






Портпаролот на партијата Димче Арсовски дека гртадоначалникот на Скопје Петре Шилегов се однесува расипнички, арогантно и одлепено од реалноста. тоа го поткрепи со фактот што претходниот личен возач го унапредил во стручен соработник за висока плата во градско претпријатие, а сега отвора ново работно место за негов возач.

– Петре Шилегов, но и Зоран Заев и на последните избори, како и изборите пред тоа ветуваа стручна и за 20 проценти намалена администрација. Дури и ветуваа проект за преземање на вработените од државната администрација во приватниот сектор, но еве по изборите гледаме како се вработуваат 135 лица и тоа директно за потребите на градот. Тоа се 135 плати за раководители, соработници, советници на Шилегов кој ќе ги плаќаат граѓаните. Еве дури се нашло и место за личен возач на Шилегов иако градот Скопје, по претходна изјава на самиот Петре Шилегов имало вработени дури 19 возачи, сега уште еден – рече Арсовски.

Тој прсша колку ќе чинат новите вработувања во Градот.

-По потрошените пола милион евра од Шилегов за макети во Зоолошка градина и украсување со лански лампиони, никој не знае колку ќе чини годишно вработувањето на овие 135 лица во градот Скопје, нормално сите избрани по партиски клуч од СДСМ- рече тој.

Арсовски  информира и дека  Шилегов на определено време ќе вработи и раководител на одделение за европски интеграции.

– Поточно измислено место во градот за да може Шилегов да додели плата – рече Арсовски.

 

Поврзани содржини