Арсовски: Секое семејство ќе дава плус 600 денари за гориво поради кризниот данок

По формирање на нова влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе има целосна ревизија на сите антипазарни политики на СДСМ во форми на даноци, акцизи и сѐ останато кое што директно задира во џебот на граѓаните, најави портпаролот Димче Арсовски.

465

Кризниот данок на Заев од 4,13 денари врз горивата трајно ќе ја зголеми цената на горивата и со тоа новите давачки кои ги наметна лично Зоран Заев и лично оваа расипничка власт на СДСМ за еден литар гориво ќе изнесуваат цели 14 денари. Тоа се пари кои мора да ги плаќаат македонските граѓани, без разлика колку е ниска или висока цената на нафтата на светските берзи, реагира денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Токму поради овие нови давачки на Зоран Заев и СДСМ македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, а само во последната година бензините од 50 денари по литар скокнаа на 71,5 денари, а дизелот од 46 денари по литар скокна дури на 63 денари. И ова е факт кој што граѓаните секојдневно го говорат. Толку големо покачување на цената на горивата доколку не беа давачките на Зоран Заев и СДСМ во форма на акцизи и даноци немаше да има – рече Арсовски.






Спроед неговата пресметка, ако едно семејство кое има еден автомобил и месечно трошело еден резервоар гориво, некаде околу 40тина литри, сега со покачувањето месечно одвојува во просек повеќе од 600 денари од она што плаќало претходно.

– Ова енормно покачување на цената на горивата не може, а да не предизвика ценовен шок. На удар се сите производи и услуги во чие производство горивата играат важна улога. Тука постои опасност и можност да се покачат и сите цени на транспортниот сообраќај во Република Македонија само поради тоа што има вакво сериозно покачување од Зоран Заев. И тука се загрозени веќе повеќе од половина од граѓаните кои што користат јавен или било каков транспорт – предупреди Арсовски.

Тој потсети дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со сите можни средства кои ѝ стојат на располагање во рамки на Собранието и во рамки на демократското работење ќе го блокира овој предлог законот на Заев за кризен данок од 4,13 денари на горивата.

– А по формирање на нова влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе има целосна ревизија на сите антипазарни политики на СДСМ во форми на даноциакцизи и сѐ останато кое што директно задира во џебот на граѓаните – најави портпаролот.

Поврзани содржини