Арсовски: СДСМ ја прифати Резоплуцијата каква што е, не гледаме причина зошто сега се бараат измени
Оваа реакција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ дојде по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека е потребно да се вметне новото уставно име на државата.
СДСМ јавно и без забелешки го прифати текстот на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќето од партиите ја прифатија резолуцијата и не гледаме причина зошто СДСМ веднаш после прифаќањето, сега Зоран Заев бара некакви си усогласувања и измени, бидејќи веќе ја прифати онаква каква што беше предложена., изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсопвски.
Оваа реакција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ дојде по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека е потребно да се вметне новото уставно име на државата.
-Како што веќе знаете СДСМ, јавно на прес конференција ја прифати резолуцијата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја предложи до Собранието. Кога велам јавно ја прифати, тоа значи дека ја прифати онаква каква што е, односно каква што беше предложена од наша страна. Така да сите овие обиди да се излезе од тоа прифаќање кое јавно на прес конференција го кажаа е само уште еден момент да се видат искрените намери на СДСМ и власта во врска со резолуцијата и врска со оние јасни искрени намери за заштита на државните интереси на Република Македонија – рече Арсовски..
Арсовски додаде дека, повеќето од партиите ја прифатија резолуцијата и сега ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто СДСМ веднаш после прифаќањето, сега Зоран Заев бара некакви си усогласувања и измени, бидејќи веќе ја прифати онаква каква што беше предложена.
Во однос на тоа какви се очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Бугарија, Арсовски рече дека треба да се почека за да се види што ќе се случува.
– Тоа што во овој момент можам да го кажам е да почекаме да видиме какви ќе бидат резултатите во Бугарија, но она што е поважно од случувањата во Бугарија е токму ова кое го говорев во претходното прашање, а тоа е што побрзо да се изгласа резолуцијата која беше предложена до Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа треба да биде резолуција која ќе не стави на вистинскиот пат, ќе се постават вистинските постулати за понатамошно било какво функционирање на работите на Република Македонија – рече Арсовски.