Арсовски: Протестите ќе траат сè додека не се турне оваа власт
Арсовски посочи дека граѓаните гледаат дека струјата е доста поскапена, а нивните примања не можат тој товар да го издржат.
Протестите поради поскапувањето на стурјата не се задоцнети и тие ќе траат сè додека не се турна оваа власт, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во денешното гостување во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5.
Тој рече дека ненародната влада веднаш по изборите удрила по грбот на граѓаните со тоа што ја поскапела струјата.
– Во време кога реално се случува хаос во секој сектор во државата, во време кога граѓаните тонат во сиромаштија, буквално немаат леб да јадат. Се случува веднаш по изборите поскапување на струјата и во моментов имаме најскапа струја во Европа, а најсиромашен народ. Овие протести не се задоцнети, туку на време се почнати и тие ќе траат сè додека не се турне оваа власт – истакна Арсовски.
Арсовски посочи дека граѓаните гледаат дека струјата е доста поскапена, а нивните примања не можат тој товар да го издржат.