АРСОВСКИ ПРАШУВА ЗА „ЗЛАТНАТА КРИМИНАЛНА ТРОЈКА“ Зошто обвинителство не отвори предмет за рекетот кој го земале Заев, Богоев и Кирацовски
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека пред само неколку дена приведен беше поранешен премиер на друга соседна држава, за иста ваква работа, изнуда од бизнисмени, но според него кај нас обвинителството сѐ уште спие и сѐ уште го штити криминалот бидејќи е управувано од овие луѓе.
Јавноста и граѓаните вчера имаа можност да ги чујат како изгледаат од блиску криминалот и корупцијата на СДСМ и кланот Заеви кој што раководеше и се уште раководи со СДСМ и со владата. Бојан Јовановски во вчерашното излагање пред Судот најбрутално го посочи и раскажа рекетирањето кое го правеле Заеви, СДСМ и сите останати од таа власт, нормално на чело со Зоран Заев. Се што говоревме како ВМРО-ДПМНЕ од оваа говорница тука изминативе 3 години во врска со случајот Рекет и со рекетирањето во Република Македонија, вчера се покажа дека е вистина, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
– „Златната криминална тројка”, како што вчера ја нарекоа во судницата, мислејќи на Заев, Кирацовски и Стефан Богоев, слушнавме во вчерашното обраќање на Бојан Јовановски, дека во 2017 земале 350.000 евра во кеш за незаконско финансирање на партијата на локалните избори. Зошто се уште нема отворено случај за ова? Парите тие 350.000 евра за коишто претходно се говореше и се пишуваше во медиумите, но за жал никој не покрена никаква постапка, бидејќи обвинителството ги штити криминалците на власт, биле од зетот на нивниот коалиционен партнер Фијат Цаноски и завршиле во џњбовите на ова „Златна криминална тројка“, како што ја нарекоа вчера во судницата, а за возврат човекот кој ги дал парите, зетот на Фијат Цаноски, добил атрактивни локации за градење во општини каде владеела СДСМ, а конкретно во Карпош, бидејќи таму и најголем дел од парите завршиле за кои што вчера говореше Бојан Јовановски – вели Арсовски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека пред само неколку дена приведен беше поранешен премиер на друга соседна држава, за иста ваква работа, изнуда од бизнисмени, но според него кај нас обвинителството сѐ уште спие и сѐ уште го штити криминалот бидејќи е управувано од овие луѓе.
– Зошто после вакви изјави не се приберени на распит Заев, Кирацовски и Богоев? Стефан Богоев како актуелен потпретседател на Ковачевски после вакво тврдење треба да излезе и да си поднесе оставка. А Ковачевски наместо да молчи и да се однесува како да не е од тука треба да си преземе мерки во врска со неговите луѓе кои се веднаш до него, а земале 350.000 евра во кеш како што беше тврдено вчера во судницата. Ако земале тогаш, верувајте дека сигурно некој од таа партија продолжува од таа партија да го прави и во моментов додека е Ковачевски на власт – рече Арсовски.