Арсовски: Невиден скандал, од Брнабиќ дознавме зошто Заев и Филипче нѐ оставија без вакцини ВИДЕО

Да се фокусираа повеќе на заштита на здравјето и животите на граѓаните, наместо на сопствениот ПР и промоција, можеби ќе знаеја дека вакцината треба да се регистрира и да се направи план за вакцинирање. Но, зафатени со глумење на лажен хероизам, од самиот почеток на пандемијата лажат, а жртвите на тие лаги се граѓаните кои ги губат животите. За ваква несериозност во најмала рака потребни се неотповикливи оставки уште веднаш, а потоа и кривична одговорност за загрозување на јавното здравје на граѓаните на Република Македонија - вели Арсовски.

1,804

Нов ден и нов срам и катастрофа на Венко Филипче и Зоран Заев. Заради  неспособноста на власта, Република Македонија и граѓаните остануваат единствени во регионот и Европа кои не знаат кога ќе се започне со вакцинација, ниту пак колку вакцини ќе добијат на располагање, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Причината за тоа е затоа што владата не само што не набави вакцини на време, туку и затоа што не ја регистрирала вакцината на Фајзер и немала направено план за вакцинација, а пак македонската јавност тоа го дозна денеска и замислете не од нашите медиуми и политичари туку од српската премиерка Ана Брнабиќ. Иако власта се пофали дека набавила 8.000 вакцини од Србија, премиерката на Србија денеска откри дека Македонија не може да ги добие истите затоа што поентата не е само да се набават, туку и да се регистрираат, но и да се направи план етапно како ќе се спроведе вакцинацијата.Скандал од невидени размери, брука и срам – вели Арсовски.






Додека сите држави се вакцинираат, додаде Арсовски, власта со својата несериозност и неспособност дополнително ги загрози животите на македонските граѓани. 

– Зоран Заев и Венко Филипче ја оставија Република Македонија и граѓаните без ниту една вакцина, а поради тоа граѓаните умираат по болници. Веќе три месеци и повеќе лажат дека набавиле вакцини од Бугарија, па потоа  и од Грција, а сега и од Србија, за да на крај дознаеме дека вакцините ниту се набавени, ниту пак е регистрирана било каква вакцина за КОВИД-19 во државава, ниту има план како ќе се одвива целиот процес. Да се фокусираа повеќе на заштита на здравјето и животите на граѓаните, наместо на сопствениот ПР и промоција, можеби ќе знаеја дека вакцината треба да се регистрира и да се направи план за вакцинирање. Но, зафатени со глумење на лажен хероизам, од самиот почеток на пандемијата лажат, а жртвите на тие лаги се граѓаните кои ги губат животите. За ваква несериозност во најмала рака потребни се неотповикливи оставки уште веднаш, а потоа и кривична одговорност за загрозување на јавното здравје на граѓаните на Република Македонија – вели Арсовски.

 

Поврзани содржини