Арсовски: Наскоро ќе биде познато дали ќе ја бојкотираме седницата за избор на влада

Претседателот на партијата господинот Мицкоски е тука со секојдневните свои тековни обврски - истакна Арсовски.

771

На новинарско прашање каде е господинот Мицкоски и зошто досега нема излезено на ниту една прес конференција откако е постигнат договор за владина коалиција и како ги коментираат овие што бараат оставка негова оставка, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговори дека партијата неколку пати го има кажано ставот по тоа прашање и дека претседателот на партијата Мицкоски е тука со секојдневните свои тековни обврски.

– За тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа или ќе ја бојкотира седницата за избор на Владата, би имал само да додадам дека се работи за ненародна, криминална влада со транзициски кадри која што секако не ја добива довербата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е една од најкриминалните влади со најкриминалните кадри, истрошени транзициони кадри кои што ги има Република Македонија. Но, за начинот на дента на гласање ќе бидете дополнително известени – изјави Арсовски.

Поврзани содржини