Арсовски: Најмалку седум луѓе треба кривично да одговараат за рекетот и фалсификувањето на чело со Вице Заев
Најпрвин во пријавата во МВР, се гледа дека Вице Заев преку своите битолско-струмички паљури барал рекет од 250.000€ и потоа ја избркал фирмата која не му била по желба од РЕК Битола на сила и ѝ нанел штета од 500.000€. Класичен рекет за во затвор, каде што 5-6 луѓе треба одма да одат во затвор, на чело до Вице.
Во 2018 и 2019 отворивме тема на која лично имам зборувано многу пати, за улогата на семејството Заеви, конкретно Вице Заев, СВ Инвест, Стојан Чифлигароски, Васко Ковачевски и многу други, во криминалот во РЕК Битола и перењето на милиони евра.
Денеска сме сведоци на криминал до гуша на фамилијата Заеви, каде што два случаеви се клучни кои денес беа објавени.
Најпрвин во пријавата во МВР, се гледа дека Вице Заев преку своите битолско-струмички паљури барал рекет од 250.000€ и потоа ја избркал фирмата која не му била по желба од РЕК Битола на сила и ѝ нанел штета од 500.000€. Класичен рекет за во затвор, каде што 5-6 луѓе треба одма да одат во затвор, на чело до Вице.
Второто криминално дело е менувањето и фалсификувањето на изјавата на оштетените, каде што некој се обидел да ја скрие пријавата за Вице, кој што барал 250.000€.
Значи да сумираме, за овие две дела, следниве луѓе треба да излезат пред лицето на правдата и тоа веднаш:
– Вице Заев
– Васко Ковачевски
– Стојан Чифлигароски
– Лазе Велковски
– Оливер Спасовски
– Вилма Русковска
– Љубомир Јовевски
П.С. Ме прашуваа денес одредени новинари, дали името СВ Инвест значело – Стојан; Вице Инвест, па еве јавно да упатам прашање, дали СВ се иницијали на овие двајца луѓе?
П.С.С Вице се жали и плаче дека Мицкоски му се заканувал и дека ќе одговарал. Погрешно разбрал, не е закана, вистина е.
Фејсбук статус на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ