АРСОВСКИ МУ ПРЕДВИДУВА РАСПАД НА СДСМ Портпаролот тврди дека уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат
Јавно повикуваме и како партија и како политичари од оваа партија да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и шансата да одлучува да ја има народот, тој да донесе одлука, а не одлуката да ја носат политичарите кои што се корумпирани за нивни лични интереси, рече Арсовски.
ВМРО-ДПМНЕ уверува дека уставни промени нема да се случат и дека СДСМ на наредните избори ќе загуби толку многу што ќе дојде до расформирање на нивната партија.
– Народот препозна предавство. Народот одлучно препозна дека за сите овие предавства кои што ги направи СДСМ, дали е тоа на дипломатски план, дали е на економски или на кој било друг план, не е виновен никој друг, единствено е виновен СДСМ и власта на чело со Димитар Ковачевски, Зоран Заев и Стево Пендаровски. Затоа и ќе ги стигне ова предавство на наредните избори каде што ќе загубат толку силно што ќе дојдат до расформирање на нивната партија – рече Арсовски.
Тој обвини дека СДСМ преку националното предавство се обидува да купи уште некој ден повеќе да биде на власт, за да може, како што рече, да донамести уште некој тендер или да доискраде уште тоа што му останало.
– Уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат, во ниту еден случај нема да се случат. Граѓаните најпрвин треба шамарот за предавството на власта да ѝ го удрат на референдум, а потоа и на избори кога ќе ги однесат буквално до расформирање, со поразот со кој што ќе им го нанесат. Нема промена на Уставот на Република Македонија под овие околности, по ниту една цена. Јавно повикуваме и како партија и како политичари од оваа партија да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и шансата да одлучува да ја има народот, тој да донесе одлука, а не одлуката да ја носат политичарите кои што се корумпирани за нивни лични коруптивни интереси. Одлуките на власта, одлуките на политичарите од СДСМ не се во интерес на граѓаните – рече Арсовски.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ги оправдува ограничувањата кои што власта ги поставила на прославата на Мечкин Камен проследени со полициско обезбедување, тој рече:
– Не, во ниту еден случај не можам да прифатам власта која што ја води владата, односно СДСМ да поставува какви било ограничувања, полициски ограничувања, на еден таков национален празник, празник кој што е за сите граѓани на Република Македонија, уште помалку можам да оправдам каква било полициска бруталност која што можеше да се види и тоа сѐ потекнува од еден и единствен страв кој што го има Ковачевски, а тоа е дека граѓаните не го сакаат и не го оправдуваат ова што го прави. Можевме сите да забележиме како самиот Ковачевски, самата влада односно владини претставници кои што беа таму на кој начин беа истретирани од граѓаните односно како беа исвиркани, тоа е уште една потврда зошто толку многу полиција, вклучително и партиска параполиција на СДСМ, беше собрана на прославата на Мечкин Камен затоа што Ковачевски и СДСМ се плашат од граѓаните, се плашат од реакциите на граѓаните и се плашат од сопствениот народ. Она кое што можам да го потенцирам и да го ветам како ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по освојувањето на власта на едни демократски избори, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го направи овој празник отворен за сите граѓани на Република Македонија. Ќе го вратиме празникот на граѓаните а не како што беше пример вчера – приватна забава за потесната партиска клика на СДСМ.