Арсовски: Мора да бидеме гласот на народот во револтот против Заев

Тој истакна дека опозиционата партија покрај говорењето јавно против Зоран Заев има поднесено стотици кривични пријави, како и поднесоци кон ДКСК кои завршиле во фиока затоа што биле инволвирани лица од власта кои Заев ги поставил.

478

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, вечерва во 24 Анализа во Телевизија 24, истакна дека во фокусот на говорењето на ВМРО-ДПМНЕ е Заев затоа што е лично одговорен за се што се случува во земјава, како и тоа дека опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ мора да биде гласот на револтот кој доаѓа од народот.

– Во ниту едно наше излагање никој не си дозволил да шири говор на омраза, особено не кога ќе се работи за персонификација или спомнување на некое име од власта, а честото спомнување на Зоран Заев е затоа што тој е главата на се што ни се случува во моментов во Македонија, па по тоа Зоран Заев е лично одговорен за секоја одлука која ја носи Владата – вели Арсовски.






Тој потенцираше дека во главниот фокус нормално е да биде Зоран Заев, затоа што се она што се случува во државата потекнува од него, па по тоа има многу работи кои му замеруваат и граѓаните и политичките опоненти, пример ако почнеме од неговото потесно семејство, кои што управуваат со многу бизниси кои се поврзани со сомнителни зделки, кои се поврзани со многу тендери и многу можен криминал.

– Она што го говориме ние секојдневно е врз основа на она што граѓаните го чувствуваат и мислат, како опозиција сме гласот на народот, не би било пристојно пораки кои ми стигнуваат од граѓаните за тоа што им се случува кои имаат сериозна мака со системот со кој управува Зоран Заев – посочи Арсовски.

Арсовски истакна дека е нормално сите оние пораки кои ги добива ВМРО-ДПМНЕ од страна на граѓаните да ги артикулира во јавноста, впрочем кој е другиот начин за да им помогне некој на овие луѓе за да се чујат нивните проблеми, како и тоа дека му е драго кога одредени медиумските куќи ги пренесуваат проблемите на граѓаните.

Тој истакна дека опозиционата партија покрај говорењето јавно против Зоран Заев има поднесено стотици кривични пријави, како и поднесоци кон ДКСК кои завршиле во фиока затоа што биле инволвирани лица од власта кои Заев ги поставил.

– Има и други начини на реагирање, како поднесувањето од наша страна на кривични пријави, стотици претставки кон Антикорупциската комисија, но системот не функционира, до сега имаме поднесено 100-тина кривични пријави до Јавното обвинителство, но стигнува кривичната пријава кај Вилма Русковска која е на некој начин вознемирена од ВМРО-ДПМНЕ, и има гнев кон нас, ја гледа кривичната пријава, му се јавува на Јовески, во разговорот се вклучува Зоран Заев па на него му кажуваат дека сме поднеле пријава против него или против друг функционер, па завршуваат истите во фиока – критикуваше Арсовски.

Арсовски праша до каде се кривичните пријави за време на претходните избори за рекордно гласање по Гинис, каде е случајот за проневера на над 10 милиони евра од Фондот за иновации од 2018 година?

– Поминаа две години, но таму се засегнати поставени функционери на Зоран Заев, па се заштитени и никој не ги гони, но кога се работи за измислен случај против Мицкоски тогаш гледаме како експресно институциите делуваат, критикуваше Арсовски на 24 Анализа вечерва.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во вечерашното гостување на ТВ 24 коментирајќи ги изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, особено спотот во кој се појавуваа обвинителката Вилма Русковска и судијката Добрила Кацарска, рече дека таму немало говор на омраза.

-Спотот на ВМРО-ДПМНЕ е уметнички спот и воопшто не гледам дека некој е оцрнет. Уметноста дозволува такви сценарија, не гледам дека некој беше претставен на начин на оцрнување. Говориме за говор на омраза или зборуваме за луѓе кои биле претставени во спотот? ВМРО-ДПМНЕ е премногу сериозна партија со стручни луѓе и не сметам дека воопшто треба да стане збор за говор на омраза во тие спотови. Туку тоа е начин да се претстави она што се случува во државата, рече Арсовски.

Поврзани содржини